ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРГНАЛ НА ТРЕНИНГ И ИСЧЕЗНАЛ?! - Мистериозна смрт на 14-годишно момче го потресе регионот!

ТРГНАЛ НА ТРЕНИНГ И ИСЧЕЗНАЛ?! - Мистериозна смрт на 14-годишно момче го потресе регионот!

Родителите на четиринаесетгодишниот С. В., чие беживотно тело беше пронајдено рано утринава во Раковица, последен пат се слушнале со својот син синоќа кога тргнал на тренинг, по што му се изгубила секоја трага, а целовечерната потрага заврши со најцрниот исход.

Како што наведува „Телеграф“, полицијата веднаш обавила разговор со таткото и мајката на настраданото момче. Тие објасниле дека момчето синоќа, откако заминало од дома, повеќе не се јавувало на телефон ниту потврдило дека безбедно пристигнало на одредиштето, поради што била алармирана полицијата и била покрената интензивна потрага на терен.

Потрагата траела со часови, сѐ до раните утрински часови, кога припадниците на полицијата го забележале телото на малолетникот на просторот помеѓу коловозот и железничката пруга.

Лекарската екипа на Итната помош набрзо излегла на терен, но лекарите на лице место можеле само да констатираат смрт кај момчето.

Увидот го извршиле дежурниот јавен обвинител и полициски инспектори. Истрагата интензивно работи на утврдување на сите околности за трагедијата и точната причина за смртта — пред сѐ дали малолетникот бил удрен од автомобил од сообраќајницата, воз од пругата или пак станува збор за некој друг несреќен случај.

Телото на настраданото момче е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција, која ќе ги утврди точниот механизам и времето на настанување на смртоносните повреди.