По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, неслужбено се дознава дека е уапсен Раде Баста, бидејќи во времето додека бил директор на „Београдске електране“ го оштетил тоа претпријатие за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за различни спортски клубови!
Раде Баста е уапсен во најновата акција за борба против корупцијата.
Меѓу овие спортски клубови, како што пишува „Курир“, нема познати имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.
Акцијата за апсење и претрес на просториите што ја спроведуваат припадниците на Службата за борба против корупцијата е во тек, а во тек е и приведувањето на уште неколку лица поврзани со малверзациите на Баста.
Да потсетиме, Баста беше и министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 година до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.









