ПРВ.мк
Балкан

ГОЛЕМА АНТИКОРУПЦИСКА АКЦИЈА: Полицијата упадна на повеќе локации, веќе има уапсени лица!

ГОЛЕМА АНТИКОРУПЦИСКА АКЦИЈА: Полицијата упадна на повеќе локации, веќе има уапсени лица!

Во Белград е во тек голема антикорупциска операција во која учествуваат Вишото јавно обвинителство и полицијата, а досега се приведени повеќе лица.

Според информациите што ги објавува Танјуг, акцијата се спроведува истовремено на неколку локации во српската престолнина. Полициските службеници вршат претреси и апсења, како дел од поширока операција насочена кон сузбивање на корупцијата.

Од досега достапните информации, познато е дека повеќе лица веќе се уапсени, но засега не се соопштуваат нивниот идентитет, ниту деталите за случаите поради кои се опфатени со истрагата.

Операцијата ја спроведуваат Вишото јавно обвинителство и полициските служби, а се очекуваат дополнителни информации за нејзиниот тек, бројот на приведени лица и евентуалните сомневања против нив.