ПРВ.мк
Црна Хроника

РЕЧИСИ ЕДЕН МЕСЕЦ БЕЗ НИКАКВА ТРАГА: Продолжува потрагата по 27-годишното момче од Македонија!

РЕЧИСИ ЕДЕН МЕСЕЦ БЕЗ НИКАКВА ТРАГА: Продолжува потрагата по 27-годишното момче од Македонија!

Сè уште нема информации за 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар, кој исчезнал на 13 октомври, откако го напуштил својот дом и повеќе не се вратил. И покрај досегашните полициски активности, пребарувањата на терен и вклучувањето на надлежните служби, неговото исчезнување засега останува неразјаснето.

Во потрагата биле преземени повеќе активности, а една од поголемите акции се одржала на 21 октомври, кога екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, во координација со полицијата и локалните служби, го пребарувале коритото на реката Вардар во гостиварскиот регион, објави 4news.mk.

Во акцијата учествувале и припадници на Тимот за брз одговор за спасување на води. Тие ги проверувале критичните точки долж реката, почнувајќи од градското подрачје на Гостивар, па сè до деловите низводно.

Сепак, ниту оваа акција не дала резултат. Следниот ден било соопштено дека Шабани не бил пронајден, иако спасувачките екипи детално пребарале десетина критични точки во речниот тек.

Паралелно со пребарувањата на терен, полицијата презела и други активности за да ги утврди околностите под кои исчезнал 27-годишникот. На разговор биле повикани лица кои имале контакт со него непосредно пред исчезнувањето, а биле проверувани и снимки од безбедносни камери, како и информации поврзани со неговото движење.

Во рамките на потрагата било побарано и намалување на нивото на водата во реката Вардар, со цел да се олесни пребарувањето на коритото и проверката на критичните делови.

Фотографијата на Шемо Шабани е објавена и на официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи, во делот наменет за исчезнати лица.

Од надлежните се повикуваат сите граѓани кои располагаат со каква било информација што би можела да помогне во неговото пронаоѓање да ја пријават во најблиската полициска станица.

И покрај досегашните активности, судбината на 27-годишниот гостиварец сè уште е непозната, а потрагата по него продолжува.