Во Одделението за очни болести при Општата болница Велес започнаа да се изведуваат операции на катаракта со современа оперативна метода и вградување интраокуларна леќа.
Со воведувањето на оваа услуга, пациентите од Велес и околните населени места добиваат можност за потребната офталмолошка интервенција да ја добијат поблиску до својот дом, без потреба за патување во други здравствени установи.

Започнувањето на операциите на катаракта претставува значаен чекор во унапредувањето на здравствените услуги во Велес, но и во зајакнувањето на капацитетите на локалната болница.

Воведувањето современи методи и нови услуги во локалните здравствени установи е насока која овозможува поквалитетна и подостапна здравствена грижа, со што пациентите од регионот добиваат поголеми можности за лекување во близина на местото каде што живеат.











