ПРВ.мк
Црна Хроника

МАРИХУАНА И ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА ПРОНАЈДЕНИ НА РАЗНИ ЛОКАЦИИ - еве колку лица се приведени!

МАРИХУАНА И ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА ПРОНАЈДЕНИ НА РАЗНИ ЛОКАЦИИ - еве колку лица се приведени!

Вкупно 16 лица биле лишени од слобода во текот на 18 и 19 септември, откако полицијата при контроли и прегледи кај нив или во возила пронашла и одзела марихуана и други материи за кои постои сомнение дека се наркотични.

Во Скопје, на различни локации на 18 септември, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.С. (35), А.К. (29) и А.Ј. (30), сите од Скопје. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Истата вечер, во 22:20 часот, во месноста „Суви Лаки“ во беровско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево привеле пет лица: Г.П. (31) од село Пожаране, гостиварско, Б.А. (25) од Радовиш, С.З. (42) од село Муртино, струмичко, В.С. (22) од село Злеово, радовишко и Н.С. (31) од село Воиславци, радовишко. При контролата и прегледот на патничко возило „Дачија“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Г.П., полицајците пронашле и одзеле марихуана.

Во Тетово, на 18 септември во 21:25 часот на улицата „Илинденска“, полицијата го лишила од слобода Ф.А. (33) од село Порој, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Неколку часа подоцна, на 19 септември во 00:50 часот, на улицата „29 Ноември“ во Тетово, од слобода бил лишен и Р.И. (19) од село Горно Седларце. При преглед кај него била пронајдена марихуана.

Во Охрид, на 18 септември во 17:55 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода Г.Н. (43) од Охрид. При преглед во неговиот автомобил „Ауди“, со охридски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. Контролата била извршена на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај месноста „Петља“.

Во Куманово, во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б. (20) од село Сопот. При преглед кај него била пронајдена марихуана.

Во Битола, на 19 септември во 00:30 часот, во угостителски објект на улицата „Дебарца“, полицијата го лишила од слобода Г.Ј. (41) од Битола. При извршениот преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

Во Прилеп, на 18 септември во 23:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А. (26) од Кичево. Тој бил запрен на улицата „Тризла“, каде што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

Истиот ден, во 22:30 часот, во атарот на селото Братиндол, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Т. (27) и Д.Т. (28), двајцата од Битола. При прегледот кај М.Т. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосното документирање на сите случаи, надлежните најавуваат дека ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести