Во текот на изминатото деноноќие полицијата на повеќе локации низ државата лишила од слобода 11 возачи поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Деветмина од приведените биле затекнати како управуваат возило иако немале положено возачки испит. Станува збор за В.Г. (64) од село Моштица, Ѓ.Б. (60) од Долно Караслари, Б.М. (49) од село Неготино, 15-годишник од село Сиричино, О.А. (27) од село Пешталево, Н.Н. (43) од Гевгелија, 17-годишник, како и М.Ј. (23) и С.А. (24), сите тројца од Скопје.
Кај С.А. дополнително било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол. Поради возење под дејство на алкохол бил лишен од слобода и М.Г. (64) од Делчево.
Полицијата го лишила од слобода и Е.А. (23) од село Ѓермо, откако било утврдено дека управувал возило со брзина која била двојно поголема од дозволената.
По целосното документирање на сите случаи, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од полицијата повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит или под дејство на алкохол, како и да ја прилагодуваат брзината согласно поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.






