Грчката полиција уапсила 43-годишен маж во центарот на Солун, по кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол на барање на македонските власти.
Според информациите од грчката полиција, лицето се барало поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, согласно Кривичниот законик на Македонија.
Апсењето било извршено во вечерните часови од полициски службеници на Одделението за сузбивање и расчистување кривични дела во Солун.
43-годишникот бил откриен во рамки на редовните полициски контроли и патроли насочени кон спречување криминал и откривање лица кои се бараат од надлежните органи.
За време на акцијата биле приведени и други лица поврзани со различни кривични дела.
Уапсениот се очекува да биде изведен пред надлежните грчки органи, по што треба да започне постапката за негова екстрадиција во Македонија.
Засега не се соопштени дополнителни детали за кражбата поради која била распишана меѓународната потерница.









