ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ ВО БОГДАНЦИ: Жителите проговорија по трагичната смрт на двајцата млади

ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ ВО БОГДАНЦИ: Жителите проговорија по трагичната смрт на двајцата млади

Жителите на Богданци се во шок и неверување по трагедијата во која животот го загубија две млади лица, 17-годишна девојка и 21-годишно момче.

Во прилог на ТВ Телма, жителите зборуваат за трагичниот настан што силно ја потресе локалната заедница.

Случајот беше откриен на 3 ноември, околу 18:40 часот, кога во полицијата било пријавено опожарено возило во месноста „Ичева чешма“, кај Горно Село во Богданци.

На местото било пронајдено безживотното тело на 21-годишно момче, додека по изгаснувањето на пожарот, во автомобилот било откриено уште едно изгорено тело, за кое се претпоставува дека е на 17-годишната девојка.

На трагедијата ѝ претходеле пријави за насилство

Според информациите од надлежните институции, девојката претходно пријавувала насилство и закани, а против 21-годишникот биле преземени законски мерки.

На 16 октомври Обвинителството во Гевгелија примило пријава за загрозување на сигурноста на малолетничката, по што започнала постапка.

Првичните индиции на Обвинителството упатуваат на убиство и самоубиство, но точните околности сè уште се утврдуваат.

Наредена е обдукција на двете тела, а истражителите обезбедиле и снимки од видеонадзор кои треба да помогнат во расветлувањето на случајот.

Трагедијата остави бројни неодговорени прашања, додека жителите на Богданци се соочуваат со загубата на два млади животи.