ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ја убил со нож затоа што не сакала да биде со него: Камера го снимила нападот врз 23-годишна девојка

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Ја убил со нож затоа што не сакала да биде со него: Камера го снимила нападот врз 23-годишна девојка

Страшно убиство ја потресе Колумбија, откако 23-годишната Паула Карлеј Кока Мурсија била смртно избодена со нож на своето работно место. За нападот е осомничен 63-годишен маж, кој, според сведоците, подолго време се обидувал да започне љубовна врска со неа.

Трагедијата се случила на 1 ноември, околу 12:40 часот, во кафуле во општината Пинчоте, во колумбискиот регион Сантандер.

Според локалните информации, девојката повеќепати го одбила неговото додворување, бидејќи не сакала врска со него.

„Ако не може да биде моја, нема да биде ничија“

Непосредно пред нападот, осомничениот наводно изговорил заканувачка реченица дека девојката нема да биде ничија доколку не биде негова.

Безбедносна камера го снимила моментот кога мажот разговара со девојката, по што ненадејно извадил нож и ја нападнал.

На помош притрчало лице кое се наоѓало во објектот и се обидело да го запре напаѓачот.

Тешко повредената девојка итно била пренесена во здравствена установа во градот Сан Хил, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

Сонувала да стане полицајка

Паула имала само 23 години и планирала кариера во полицијата. Завршила образование од областа на полициските истраги и се подготвувала да стане припадничка на Националната полиција на Колумбија.

По нападот, осомничениот се обидел да побегне, но полицијата го пронашла и го уапсила.

Убиството предизвикало силни реакции во Колумбија, а семејството и граѓаните бараат правда и соодветна казна за одговорниот.

Случајот повторно го отвори прашањето за насилството врз жените и опасностите со кои се соочуваат девојките што одбиваат несакано додворување.


Видео: