Германскиот политичар Хуберт Ајвангер (55), заменик-премиер и министер за економија на Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин во средата, 4 ноември.
Смртта ја потврди и берлинското Обвинителство, додека точната причина засега не е официјално соопштена. Според германските медиуми, нема првични индиции за вмешаност на друго лице.
Ајвангер престојувал во германската престолнина по повод отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни избирачи“.
Тој требало да одржи говор на настанот, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Подоцна станал недостапен, по што бил пронајден без знаци на живот во хотелската соба.
Според „Тагесшпигел“, првичните информации упатуваат на можни здравствени причини, но официјална потврда за причината за смртта сè уште нема.
Ајвангер беше на чело на баварскиот огранок на „Слободни избирачи“ од 2006 година, а од 2010 година ја предводеше партијата и на сојузно ниво.
Од 2018 година ја извршуваше функцијата заменик-премиер и министер за економија во владата на Баварија, предводена од Маркус Зедер.
Неговата ненадејна смрт предизвика реакции и изрази на сочувство од германските политички претставници.







