ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО БАНСКО: Пронајдена голема количина дрога на повеќе локации - еве колку лица се приведени!

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО БАНСКО: Пронајдена голема количина дрога на повеќе локации - еве колку лица се приведени!

Две лица од струмичкото село Банско се лишени од слобода откако полицијата при претреси во нивните домови пронашла и одзела марихуана.

На 18 септември 2026 година, околу 21:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги привеле А.З. (23) и С.А. (26), двајцата жители на село Банско.

Претресите биле извршени во нивните домови врз основа на претходно добиени судски наредби. При претресите била пронајдена и одземена марихуана.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести