Романски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако при граничната контрола било утврдено дека приложил фалсификувана возачка дозвола.
На 18 септември 2026 година, околу 09:00 часот, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.М. (44) од Романија.
При извршената гранична проверка, тој на увид приложил фалсификувана возачка дозвола за управување со патничко возило „Мерцедес“, со шпански национални ознаки, со кое допатувал на граничниот премин.
По лишувањето од слобода, Л.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошно постапување.






