Четиринаесетгодишен малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во Велес.
Несреќата била пријавена во СВР Велес на 18 септември 2026 година, а според пријавеното, околу 20:55 часот на крстосницата меѓу улиците „Љубљанска“ и „Костурска“, патничко возило „Поло“ со велешки регистарски ознаки удрило во 14-годишниот малолетник.
Со возилото управувала 50-годишната Б.И. од Велес.
По ударот, малолетникот бил прегледан во Општата болница Велес, каде што биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






