ПРВ.мк
Црна Хроника

ЗАПАЛЕНИ ТРИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ: Пожарите предизвикаа голема вознемиреност

ЗАПАЛЕНИ ТРИ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ: Пожарите предизвикаа голема вознемиреност

Две патнички возила биле опожарени во раните утрински часови на две различни локации во Скопје, при што во едниот случај огнот зафатил и уште едно возило. За среќа, во двата настана нема повредени лица.

Првиот пожар бил пријавен во 03:05 часот во СВР Скопје. На улицата „Џон Кенеди“ било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 54-годишниот З.И. од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Во инцидентот нема повредени лица, а надлежните преземаат мерки за утврдување на околностите и целосно расчистување на случајот.

Само неколку часа подоцна, во 06:05 часот, во СВР Скопје било пријавено уште едно опожарување, овојпат на улицата „Финска“.

Таму бил зафатен патнички автомобил „шевролет каптива“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на 40-годишниот Д.Н. од Куманово. Огнот се проширил и на уште едно возило – „фолксваген голф 4“ со скопски регистарски ознаки.

И во овој случај нема повредени. Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи и утврдување на сите околности поврзани со опожарувањата.