ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Цените на горивата од ноќеска на полноќ значително се зголемуваат, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 3 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за дури 6 денари за литар.

Со новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 97 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 99 денари за литар.

Најголемо поскапување кај горивата има кај дизелот, чија нова цена ќе изнесува 101 денар за литар.

Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и тоа за 8 денари, па од полноќ ќе се продава по цена од 105 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 1,591 денари за килограм и ќе изнесува 46,001 денари за килограм.

Новите цени стапуваат во сила од ноќеска на полноќ.