Името Линда Лавлејс е познато ширум светот по легендарниот филм „Длабоко грло“ од 1972 година, кој го помести погледот на индустријата за филмови за возрасни. Сепак, зад славата се крие тешка и мрачна приказна.
Линда, родена како Линда Сузан Бореман, пораснала во строго католичко семејство каде што преживеала злоупотреби од мајка ѝ. Во надеж дека ќе избега од лошата атмосфера дома, на само 19 години се омажила за Чак Трејнер. Но и бракот се покажа како кошмар: Чак бил насилен и ја третирал како објект, дури ѝ забранувал да оди во тоалет без негово одобрување.
Во своите мемоари Линда открила дека била принудувана да снима сцени на насилство и проституција, често со пиштол вперен во глава. Филмот „Длабоко грло“, иако заработил повеќе од 600 милиони долари, таа го напуштила со скромен хонорар од 1.250 долари, кои ги зел нејзиниот сопруг.

„Кога гледате ‘Длабоко грло’, всушност гледате како ме силуваат“, признала Линда, додавајќи дека не се срами од минатото, иако многу пати била жртва на манипулации и насилство.
По напуштањето на Чак, во 1975 година се омажила за Лари Марчан и се повлекла од индустријата, посветувајќи се на семејството и родила две деца. Но, ни овој брак не бил стабилен.

И покрај светската слава, Линда завршила во сиромаштија. Здравствените проблеми ѝ се влошиле по трансфузија, по што се заразила со хепатитис Ц и морала да направи трансплантација на црниот дроб во 1987 година.