ПРВ.мк
Магазин

„Јас малку постара и поопасна, го смотав“: Карлеуша откри како го освоила Душко Тошиќ

„Јас малку постара и поопасна, го смотав“: Карлеуша откри како го освоила Душко Тошиќ

Јелена Карлеуша своевремено открила како започнала нејзината љубовна приказна со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, кој во моментот кога се запознале имал само 21 година.

Пејачката со насмевка се присетила на почетоците на нивната врска и на разликата во годините меѓу нив.

„Јас малку постара и поопасна, го смотав. Тој беше млад фудбалер во француски прволигаш и имаше само 21 година“, раскажала Карлеуша.

Таа истакнала дека за неа било важно покрај себе да има самоуверен маж кој ќе може да го прифати нејзиниот карактер и животот под постојано внимание на јавноста, без да се обидува да ја менува.

Врската на Карлеуша и Тошиќ со години беше една од најследените на регионалната јавна сцена. Во бракот ги добија ќерките Атина и Ника, а нивниот однос минуваше низ бројни подеми и падови пред двајцата да се разделат.

Последните денови повторно се појавија шпекулации за нивниот однос откако Карлеуша откри дека Душко по подолго време ѝ испратил порака. Дополнително внимание предизвика и неговото присуство на нејзиниот роденден и настап.

Тошиќ, сепак, јавно ги отфрли шпекулациите за помирување. Тој објасни дека дошол да ѝ даде поддршка од почит кон личноста со која поминал голем дел од животот и со која ги има двете ќерки, нагласувајќи дека повеќе не се сопружници.