ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА ПОМИНЕ ГРАНИЦАТА СО ФАЛСИФИКУВАН ДОКУМЕНТ! Приведен возач на „пасат“ на Табановце - еве што им приложил!

СЕ ОБИДЕЛ ДА ЈА ПОМИНЕ ГРАНИЦАТА СО ФАЛСИФИКУВАН ДОКУМЕНТ! Приведен возач на „пасат“ на Табановце - еве што им приложил!

На 6 ноември 2026 година, во 17:10 часот, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 25-годишен жител на Скопје.

Според информациите од МВР, станува збор за Е.А. (25), кој управувал патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки.

При извршената гранична контрола, лицето на увид дало словенечка возачка дозвола, за која било утврдено дека е фалсификувана. Поради тоа, полициските службеници го лишиле од слобода.

По приведувањето, Е.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово, кои ќе постапуваат понатаму во случајот.

Најнови вести