89-годишен жител на Велес пријавил дека бил измамен за околу 11.000 евра, откако во неколку наврати ѝ позајмувал пари на жена која го убедувала дека средствата ѝ се неопходни за итна операција на член од нејзиното семејство.
Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 6 ноември, во 12 часот, во полициската станица во Велес.
Жената, идентификувана со иницијалите М.В., наводно повеќепати му барала пари на повозрасниот маж, претставувајќи ја ситуацијата како итна семејна здравствена потреба. Верувајќи дека помага во тешка ситуација, 89-годишниот велешанец во неколку наврати ѝ давал парични средства.
Вкупната штета, според пријавеното, изнесува околу 11.000 евра.
За случајот бил известен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за негово целосно расчистување и утврдување на сите околности.






