Четириесет и петгодишен жител на Велес бил лишен од слобода откако физички ја нападнал својата поранешна сопруга и ѝ упатувал закани, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Според информациите од полицијата, по пријавениот настан, на 7 ноември, во 00:40 часот, полициски службеници го привеле М.У. (45) од Велес.
По лишувањето од слобода, тој бил однесен во полициска станица, каде што бил задржан за понатамошна постапка.
За случајот биле известени јавен обвинител и надлежните од Центарот за социјална работа – Велес.
Од полицијата засега не соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои се случил нападот.






