ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАТЕКНАЛА ДОДЕКА ГИ ОБРАБОТУВАЛ РАСТЕНИЈАТА! Жител на Ново Село фатен на дело - еве колкава површина откри полицијата!

ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАТЕКНАЛА ДОДЕКА ГИ ОБРАБОТУВАЛ РАСТЕНИЈАТА! Жител на Ново Село фатен на дело - еве колкава површина откри полицијата!

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 28-годишниот П.А. од село Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Според информациите од МВР, на 9 септември 2025 година полициски службеници извршиле претрес во атарот на селото Дражево, струмичко. При акцијата, пријавениот бил затекнат додека обработувал седум растенија од канабис.

Станувало збор за растенија со корен, стебло и гранки со лисја и врвни делови, односно вршунки.

По спроведените полициски активности, против 28-годишникот е поднесена кривична пријава за сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Најнови вести