ПРВ.мк
Црна Хроника

ВЕЛЕШАНЕЦ МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ! Голема полициска акција за наркотици - еве што се пронајде и заплени полицијата!

ВЕЛЕШАНЕЦ МЕЃУ ПРИВЕДЕНИТЕ ВО СКОПЈЕ! Голема полициска акција за наркотици - еве што се пронајде и заплени полицијата!

Во текот на 7 и 8 ноември 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода десет лица кај кои биле пронајдени и одземени различни материи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, меѓу приведените се А.Т. (23) од Велес, како и С.М. (33), И.М. (30), Ф.Г. (29), С.М. (46), С.Б. (39), Ј.К. (21), А.К. (27), Д.Џ. (30) и едно 16-годишно лице, сите од Скопје.

При полициските проверки кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја, како и друга прашкаста материја.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најнови вести