ПРВ.мк
Црна Хроника

Убиство во Македонија: Пијанска расправија завршила со смрт – ова се деталите!

Убиство во Македонија:  Пијанска расправија завршила со смрт – ова се деталите!
Kristal

Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило убиство.

Инцидентот се случил на 1 ноември во селото Сретеново, Општина Дојран, во близина на угостителски објект. Осомничениот, по вербална расправија со својот пријател Никола Тимев, најпрво го удирал со раце и нозе, а потоа и со метална шипка. Нападот траел речиси половина час, при што жртвата добила повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и череп, и обилно крварење.

Никола бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди. Јавниот обвинител побара мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.

Escape