Голема кражба го вознемири Белград, откако непознат сторител провалил во приватна куќа и однел сеф во кој имало околу 400.000 евра во готовина и поголема количина златен накит.
Кражбата била откриена на 21 август, кога сопственикот се вратил на имотот и ги затекнал обиените врати. Тој веднаш ја повикал полицијата и пријавил дека од домот исчезнал сефот со вредните предмети.
Според досегашните сознанија, провалата била добро испланирана. Се претпоставува дека сторителот имал информации дека сопственикот нема да биде на имотот, што му овозможило доволно време непречено да влезе во куќата, да го пронајде сефот и да го изнесе.
Полицијата веднаш извршила увид на местото и собрала отпечатоци и биолошки траги кои би можеле да помогнат во идентификацијата на сторителот.
Во тек е истрагата, а полицијата ги проверува и безбедносните камери од околните улици во обид да утврди како се одвивала кражбата и да влезе во трага на осомничениот.




