ПРВ.мк
Македонија

ВЕЛЕС ПОД ГУСТ ЧАД, НО НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА: Пожарникарите открија од каде доаѓа задименоста!

ВЕЛЕС ПОД ГУСТ ЧАД, НО НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА: Пожарникарите открија од каде доаѓа задименоста!

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес ги информира граѓаните дека нема место за паника поради зголемената задименост забележана во градот.

Од ТППЕ Велес појаснуваат дека димот кој се чувствува и забележува низ Велес доаѓа од пожарот во реонот на Зелениково, а не од пожар што избувнал во самиот град.

Екипите ја следат состојбата и се преземаат потребните мерки за справување со пожарот.

Од противпожарната единица апелираат до граѓаните да останат смирени и да не шират непроверени информации.

„Безбедноста на граѓаните е наш приоритет“, порачуваат од ТППЕ Велес.

Најнови вести