ПРВ.мк
Балкан

ШОК НА ХРВАТСКАТА ГРАНИЦА: Полицијата го запрела камионот со српски таблички, а под товарот открила НЕШТО НЕВЕРОЈАТНО!

ШОК НА ХРВАТСКАТА ГРАНИЦА: Полицијата го запрела камионот со српски таблички, а под товарот открила НЕШТО НЕВЕРОЈАТНО!

Хрватските цариници на граничниот премин Батина откриле голема количина недозволени супстанции во товарно возило со српски регистарски ознаки.

Возачот при контролата приложил документација според која во камионот превезувал само легално пријавени уреди за ладење. Сепак, цариниците се посомневале во неговата приказна и при деталниот преглед на кабината пронашле 400 скриени цигари.

За овој прекршок возачот веднаш платил глоба од 585 евра, но цариниците продолжиле со проверката на товарниот простор.

При отворањето на кутиите во кои требало да се наоѓаат разладни уреди, биле пронајдени скриени пакети со огромна количина таблети. Наместо пријавената роба, во товарот биле сокриени вкупно 238.155 таблети Ксалол од 1 милиграм.

Станува збор за психотропен лек кој подлежи на строг режим на контрола и се наоѓа на службениот список на недозволени наркотични и психотропни супстанции.

Случајот е предаден на надлежните органи за понатамошна истрага, а се утврдува и потеклото на таблетите, како и нивната крајна дестинација.

Најнови вести