Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во живо на ТикТок пренесуваше снимки од ноќно излегување во друштво на српски функционери и претставници на телевизијата „Информер“.
Забавата се одржала во локал кој Вучиќ го нарекол „Ќаци бар“, а меѓу присутните биле Ана Брнабиќ и главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ.
Особено внимание привлече видеото на кое Вучиќ и Брнабиќ заедно ја пеат песната „Не може нам нико ништа“.
Брнабиќ танцувала и го прегрнувала Вучиќ, додека тој во одредени моменти изгледал повоздржано.
За време на преносот, Вучиќ објаснил дека дружењето го организирал Вучиќевиќ, а се осврнал и на одлуката на српското Регулаторно тело за електронски медиуми да забрани емитување на емисијата „Прве инфо“ на телевизијата „Информер“ во период од седум дена.
Тој ја критикувал одлуката, тврдејќи дека станува збор за почеток на крајот на оние што ја донеле.
Во меѓувреме, снимките од забавата се прошириле на социјалните мрежи, каде што предизвикале низа шеги и иронични коментари.
„Ова е филм на Кустурица“, напишал еден корисник, додека друг кратко коментирал: „Мамо, дојди по мене“.
Други го споредувале однесувањето на Вучиќ со човек кој по љубовно раскинување објавува снимки за да покаже дека добро се забавува.
Дел од коментарите биле поврзани и со актуелната политичка ситуација во Србија, каде што се очекува свикување парламентарна седница за потврдување на пратеничките мандати и создавање услови за формирање нова влада.
Ноќното излегување на Вучиќ така стана една од темите што предизвикаа најмногу реакции на српските социјални мрежи.
Видео:








