ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Со автомобил удрил во куќа и завршил во дневната соба

(ВИДЕО) Со автомобил удрил во куќа и завршил во дневната соба

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила во саботата наутро во местото Пишкоровец, во северниот дел на Хрватска, кога автомобил се забил во семејна куќа и го пробил надворешниот ѕид.

Според информациите што ги објави хрватскиот портал „Емеѓимурје“, возилото со голема сила удрило во објектот, при што бил оштетен дел од куќата, а автомобилот навлегол во просторот на дневната соба.

И покрај сериозноста на несреќата, за среќа, нема повредени лица.

На местото на настанот била причинета материјална штета, а фотографиите и видеоснимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат оштетениот објект.

Полицијата соопштила дека пријавата за несреќата ја добила околу 9:11 часот, по што полициски службеници веднаш излегле на терен.

Засега не е познато што довело до губење на контролата врз автомобилот и ударот во семејната куќа.

Полициските екипи вршат увид за да ги утврдат точните околности под кои се случила несреќата.

Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на полициската истрага.


Видео: