ПРВ.мк
Црна Хроника

„ЖИВА СУМ!“ – СЕ ОГЛАСИ АВА КАРАБАТИЌ ПО ВЕСТА ЗА НЕЈЗИНАТА СМРТ

„ЖИВА СУМ!“ – СЕ ОГЛАСИ АВА КАРАБАТИЌ ПО ВЕСТА ЗА НЕЈЗИНАТА СМРТ

Хрватската старлета Ава Карабатиќ се огласи откако утрово низ регионалните медиуми и социјалните мрежи се прошири информација дека трагично го загубила животот.

Во порака објавена на социјалните мрежи, Карабатиќ ги демантираше информациите за својата смрт, нагласувајќи дека е жива и дека се чувствува добро.

„Луѓе, Ава е. Пред сè, сакам да ве известам дека сум добро, штотуку се разбудив. Вистина е дека завршив во Итната помош, но затоа што ми се слоши. Никогаш не би си го одзела животот“, напишала таа.

Претходно, лица кои се претставувале како нејзини пријатели објавија дека Карабатиќ наводно починала по пад од височина, што предизвика бројни реакции и пораки со сочувство.

Ава категорично ги отфрли ваквите тврдења, обвинувајќи едно лице за ширење лажни и вознемирувачки информации.

Според нејзината изјава, истото лице претходниот ден наводно го нападнало нејзиниот пријател Марио, а потоа испраќало гласовни пораки до нејзините блиски.

„Најлошо ми е што моите најдобри пријатели доживеаја шок поради оваа лажна вест“, истакнала Карабатиќ.

Таа најавила дека ќе го пријави лицето кое, според неа, ги ширело невистинитите информации.

„Ќе го пријавам за ширење лажни и вознемирувачки вести. Во шок сум“, порачала старлетата.

Нејзиното огласување доаѓа само неколку часа откако регионалните медиуми пренесоа непотврдени информации за нејзината наводна смрт.