ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Ноќното излегување на Вучиќ стана хит: „Ова е филм на Кустурица!“

(ВИДЕО) Ноќното излегување на Вучиќ стана хит: „Ова е филм на Кустурица!“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со видеоснимки од ноќно излегување во Белград, кои предизвикаа бројни реакции и шеги на социјалните мрежи.

Вучиќ се забавувал во ресторанот „Саванова“, кој присутните го нарекле „Ќаци бар“, во друштво на Ана Брнабиќ, главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, и други соработници.

Дел од атмосферата ја пренесувал во живо на својот профил на ТикТок.

Особено внимание привлече снимката на која Вучиќ и Брнабиќ ја пеат песната „Не може нам нико ништа“. Брнабиќ танцувала и го прегрнувала Вучиќ, додека тој во одредени моменти изгледал повоздржано.

За време на дружењето, Вучиќ се осврнал и на одлуката на српското Регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ), поврзана со телевизијата „Информер“.

Тој изјавил дека забраната претставува почеток на крајот за оние што ја донеле одлуката, додавајќи дека политичката борба продолжува.

Сепак, не станува збор за затворање на телевизијата „Информер“, туку за седумдневна забрана за емитување на емисијата „Прве инфо“, поради прекршување на правилата за медиумско известување за време на предизборната кампања.

Во меѓувреме, снимките од забавата станаа вирални.

„Ова е филм на Кустурица“, напишал еден корисник, додека друг коментирал: „Мамо, дојди по мене“.

Дел од корисниците го споредувале ноќното излегување со обид по љубовно раскинување преку социјалните мрежи да се покаже дека сè е во најдобар ред.

Снимките продолжија да се споделуваат и да предизвикуваат реакции во српската јавност.


Видео: