ПРВ.мк
Балкан

ХОРОР НА ЕДНА ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ ПЛАЖИ - Четиригодишно дете од Австрија каснато од отровна змија!

ХОРОР НА ЕДНА ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ ПЛАЖИ - Четиригодишно дете од Австрија каснато од отровна змија!

Четиригодишно момче од Австрија било каснато од поскок додека било на летување со семејството во Истра, Хрватска. Инцидентот се случил во петокот во камп, додека детето си играло во природа.

Според информациите објавени во австриските медиуми, момчето поместило камен, под кој најверојатно се наоѓала змијата. Поскокот го каснал детето, по што веднаш му била укажана медицинска помош.

Момчето било пренесено во болница во Риека, каде што било примено на одделението за детска интензивна нега. Лекарите му дале противотров, а според информациите од семејството, неговата состојба е стабилна и добро реагира на терапијата.

Наводно, станува збор за помлад примерок на поскок. Каснувањето од оваа змија може да биде особено опасно за малите деца поради нивната помала телесна тежина и посилното дејство на отровот.

Поскокот се смета за една од најотровните змии во Европа и лесно се препознава по карактеристичниот мал рог на врвот од муцката.

Момчето останува под лекарски надзор во болницата во Риека, но засега е во стабилна состојба.

Најнови вести