Шеесет и четиригодишен мотоциклист од Вруток е тешко повреден откако изгубил контрола над мотоциклот и паднал на шумски пат во атарот на гостиварското село Јеловце.
Случајот бил пријавен во полиција на 22 август во 18:50 часот, откако Н.Ј. (64) бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.
Според првичните информации, тој управувал мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, кога од засега непознати причини изгубил контрола и паднал.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар, а се преземаат мерки за утврдување на околностите под кои се случила несреќата.






