ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагична и досега невидена несреќа во затворот Идризово – згасна млад живот

Трагична и досега невидена несреќа во затворот Идризово – згасна млад живот

Трагичен настан се случил во Казнено-поправната установа Идризово, каде што животот го загубил 42-годишен маж.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 29 август во 14:43 часот во СВР Скопје.

Во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И. (42) од селото Тебреште се качил на бандера и се фатил за жица која била под електричен напон, по што паднал.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекар можел само да констатира смрт.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случила трагедијата.