Германската полиција интензивно трага по 35-годишниот српски државјанин Саша Д., кој успеал да побегне од затвор во Дуизбург на начин што германските медиуми го опишуваат како филмско бегство.
Според информациите што ги пренесуваат „Билд“ и WAZ, затвореникот наводно ги отстранил, а можно е и да ги пресекол решетките на прозорецот од својата ќелија. Потоа се протнал низ исклучително тесниот отвор и по фасадата успеал да се искачи до покривот.
Оттаму, според досегашните информации, ја совладал и заштитната бариера на работ од покривот и успеал да излезе од затворскиот комплекс.
Едно од главните прашања во истрагата е како затвореникот дошол до алат со кој наводно ги пресекол решетките.
Министерот: „Апсолутно неприфатливо“
Министерот за правда на Северна Рајна-Вестфалија, Бенјамин Лимбах, бегството го оценил како „апсолутно неприфатливо“, посочувајќи дека во моментов главен приоритет е што побрзо пронаоѓање и апсење на избеганиот затвореник.
Според германските медиуми, во затворот веќе бил испратен и безбедносен експерт од Министерството за правда, кој треба да утврди како било можно да дојде до ваков пропуст во системот за обезбедување.
Саша Д. се наоѓал во притвор од 10 февруари поради сомнение за кражба. Во меѓувреме бил осуден на шест години затвор поради две провали во Оберхаузен, но пресудата сè уште не е правосилна.
Германските медиуми го опишуваат како лице без постојано место на живеење во Германија.
Потрагата продолжува, а паралелно се испитува






