ПРВ.мк
Црна Хроника

Музичката сцена завиена во црно: Во сообраќајка загина младиот музичар

Музичката сцена завиена во црно: Во сообраќајка загина младиот музичар

Младиот музичар Славен Илиќ трагично го загуби животот на само 22-годишна возраст во тешка сообраќајна несреќа што се случила вечерта на 28 август на магистралниот пат Зворник–Милиќи.

Славен бил талентиран клавијатурист и член на музичкиот состав MIX BAND, а веста за неговата прерана смрт предизвика голема тага меѓу семејството, пријателите, колегите и луѓето кои го познавале преку музиката.

Особено емотивно од него се простија членовите на бендот, со кои во изминатиот период делел бројни настапи, патувања и заеднички моменти.

Неговите колеги порачаа дека со заминувањето на Славен не загубиле само одличен клавијатурист, туку и близок пријател и човек кој бил важен дел од нивното музичко семејство.

„MIX BAND повеќе никогаш нема да звучи исто без тебе“, гласи дел од нивната проштална порака.

Тие порачаа дека споменот за Славен ќе продолжи да живее преку музиката и моментите што ги создале заедно.

На социјалните мрежи се објавуваат бројни пораки со сочувство и простување од 22-годишниот музичар.

Засега нема објавено повеќе детали за околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.