ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка несреќа – жена и тригодишно дете пренесени во болница

Тешка несреќа – жена и тригодишно дете пренесени во болница

Дваесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди, а повредено е и тригодишно дете во сообраќајна несреќа на патот меѓу Облешево и Кучичино.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера во 09:55 часот во ОВР Кочани.

А.Ј. (28) од кочанското село Тркање управувала мопед, кога во еден момент изгубила контрола и паднала на коловозот. Како сопатник со неа се превезувало и тригодишно дете.

При падот, 28-годишната жена се здобила со тешки телесни повреди, додека кај детето биле констатирани телесни повреди.

Двајцата биле пренесени и прегледани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Кочани.