Двајца 27-годишни жители на Велес се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Вардарска“ во Велес. Автомобилот во кој се наоѓале излетал од коловозот, по што удрил во дрво.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 октомври, околу 23:40 часот.
Во сообраќајната незгода учествувал автомобил „форд“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.Т. (27) од Велес. Со него во возилото се наоѓал и сопатникот Д.П. (27), исто така жител на градот.
При излетувањето од патот и ударот во дрвото, двајцата мажи се здобиле со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес.
На местото на несреќата бил извршен полициски увид, а надлежните служби ги утврдуваат околностите под кои дошло до сообраќајната незгода.






