ПРВ.мк
Балкан

АНА БРНАБИЌ ПРЕДУПРЕДУВА НА „РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ТЕРОР“: Подготвуваат хајка за апсење на Александар Вучиќ!

АНА БРНАБИЌ ПРЕДУПРЕДУВА НА „РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ТЕРОР“: Подготвуваат хајка за апсење на Александар Вучиќ!

По изборните резултати и бурните политички случувања во Србија, се огласи Ана Брнабиќ со остра порака на платформата „Икс“, предупредувајќи дека по победата на „Студентската листа“ започнува „револуционерен терор“ и хајка насочена кон апсење на актуелниот претседател Александар Вучиќ.

Брнабиќ посочи дека за време на изборната кампања и изборната тишина врз Вучиќ и неговото семејство биле изнесени бројни лаги и напади, користејќи ја ситуацијата во која тие морале да ги почитуваат законите и да молчат.

„Апсурдни обвинувања за падот на надстрешницата“

Во своето обраќање, таа се осврна на актуелните политички притисоци и повици за одговорност поврзани со трагедијата во Нови Сад, оцениувајќи ги како политички мотивирани:

„Помалку од 72 часа по нивната победа на изборите, креваат хајка за апсење на Александар Вучиќ. И за тоа даваат најглупави можни објаснувања – замислете, претседателот на една земја бил информиран за реализацијата на еден од најголемите проекти во земјата, и тоа е доволен основ да биде сослушан и осомничен за падот на надстрешницата во Нови Сад?!“

Таа додаде дека стручните лица од Ревизиони ја комисија, кои го контролирале проектот и давале зелено светло, не се предмет на истите повици, споредувајќи ја ситуацијата со меѓународни пракси и прашајќи дали некогаш претседател на земја како Франција би бил повикан на одговорност за инфраструктурна несреќа.

„Борба за слободна Србија без страв“

Брнабиќ порача дека јавноста мора да биде свесна за плановите на новата политичка опција и нагласи дека борбата за политички опстанок и институционален интегритет продолжува:

„Само да луѓето знаат што Студентската листа планира и што подготвува. А ми ќе се бориме за слободна Србија, против револуционерниот терор. Без страв. Затоа што знаеме за што се бориме“, порача Брнабиќ.