ПРВ.мк
Свет

СЕРИЈА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Најсилниот удар со јачина од 6,0 степени по Рихтер!

СЕРИЈА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Најсилниот удар со јачина од 6,0 степени по Рихтер!

Низа земјотреси со јачина од 4,8 до 6,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија пацифичката островска држава Вануату, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од 10 километри, на околу 523 километри од главниот град Port Vila.

Засега нема извештаи за повредени лица или за причинета материјална штета. Исто така, надлежните служби соопштија дека не е издадено предупредување за опасност од цунами.