ПРВ.мк
Македонија

МИТКО ЈАНЧЕВ ВО НЕПОСРЕДЕН КОНТАКТ СО КАВАДАРЧАНИ: Отворени средби со граѓаните и општинските служби за решавање на локалните проблеми!

МИТКО ЈАНЧЕВ ВО НЕПОСРЕДЕН КОНТАКТ СО КАВАДАРЧАНИ: Отворени средби со граѓаните и општинските служби за решавање на локалните проблеми!

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска остварува директни средби со граѓаните, во соработка со надлежните служби од Локалната самоуправа, ЈП „Комуналец“ и проектот „Мој општинар“.

Преку непосредна комуникација и координација, жителите на Кавадарци имаат можност лично да ги презентираат своите секојдневни проблеми, барања, предлози и сугестии. На лице место, заедно со општинските служби, се разгледуваат сите можности за нивно брзо и ефикасно решавање.

Со ова, Општина Кавадарци ја продолжува воспоставената практика на отворена и транспарентна комуникација, со примарен фокус врз потребите на граѓаните и подобрувањето на квалитетот на секојдневниот живот во градот и населените места.

Најнови вести