ПРВ.мк
Македонија

РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС ЗА ИМУНИЗАЦИЈА: Над 66 илјади граѓани се пријавија за вакцина против грип, обезбедени нови количини!

РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС ЗА ИМУНИЗАЦИЈА: Над 66 илјади граѓани се пријавија за вакцина против грип, обезбедени нови количини!

Процесот на бесплатна и комерцијална вакцинација против сезонски грип во земјава се забрзува со одличен одѕив од граѓаните, особено од категоријата на лица над 65 години и хронично болните, за кои заштитата е најпотребна.

Според последните податоци, од 14 октомври досега за вакцинација се пријавиле 66.821 граѓанин, а најголем број пријави се евидентирани во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово.

Динамика на вакцинација и теренски активности

  • Дневна динамика: Закажани се 6.710 термини, а во првите три работни дена од почетокот на вакцинацијата (од 21 октомври) вакцинирани се 3.266 лица, што претставува просек од околу 1.000 вакцинации дневно. Од денеска стартува нова група закажувања со зголемен ритам од околу 1.700 вакцини дневно.
  • Теренски тимови: Здравствените домови оваа недела вршат вакцинација во домови за стари лица, а од следната недела активностите се шират и во центрите за дијализа.
  • Апел до граѓаните: Забележано е дека 503 граѓани не се појавија на своите закажани термини. Надлежните апелираат доколку некој не е во можност да дојде, навремено да го откаже терминот за да може местото да го искористи друг пријавен граѓанин.

Обезбедени вкупно 86.000 вакцини – доволно за сите

Со нов договор склучен денеска, обезбедени се дополнителни 20.000 вакцини кои пристигнуваат најдоцна до 15 ноември, со што вкупната бројка на досега обезбедени вакцини изнесува 56.000. Дополнително, најавени се уште 30.000 дози до крајот на ноември, со што вкупно ќе бидат на располагање 86.000 вакцини – што е најмногу досега и околу 20.000 повеќе од бројот на пријавени лица.

Од здравствените власти потсетуваат дека сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари, па затоа вакцинацијата сè до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита, потсетувајќи дека земји како Словенија и Хрватска започнуваат дури во ноември.

Секој пријавен граѓанин ѕе биде повикан, а процесот продолжува со максимална посветеност кон секој пациент.

Најнови вести