ПРВ.мк
Црна Хроника

ДОДЕКА ПОМАГАЛ ВО ЧИСТЕЊЕ УКРАЛ НОВЧАНИК: 17-годишник ја користел картичката за плаќање!

ДОДЕКА ПОМАГАЛ ВО ЧИСТЕЊЕ УКРАЛ НОВЧАНИК: 17-годишник ја користел картичката за плаќање!

Седумнаесетгодишник е пријавен дека одзел паричник од локал во тетовско село додека помагал во неговото чистење, а потоа ја употребил платежната картичка од паричникот за да плати во маркет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 октомври, во 22:55 часот, во Полициското одделение Јегуновце, случајот го пријавил 46-годишен жител на тетовско село.

Тој пријавил дека другар на неговиот 16-годишен син му го одзел паричникот додека заедно го чистеле локалот.

Сомнежите дополнително се засилиле откако пријавителот добил известување за извршена трансакција со платежната картичка. Потоа ги прегледал безбедносните снимки од маркетот во селото, при што било утврдено дека 17-годишникот ја користел картичката за плаќање.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.