ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕНЗИЧНО ПРЕД СЕМЕЕН ДОМ: „Ми вперија пиштол мене и на мојот син“

ТЕНЗИЧНО ПРЕД СЕМЕЕН ДОМ: „Ми вперија пиштол мене и на мојот син“

Во СВР Скопје вчера во 21:30 часот, 38-годишниот С.К. од Скопје пријавил инцидент што, според неговото сведоштво, се случил претходната вечер во близина на неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар.

Според пријавеното, на 3 октомври околу 19:30 часот пред неговиот дом дошол М.Р., заедно со уште три лица. С.К. навел дека М.Р. и уште едно од лицата физички го нападнале, при што користеле и тврди предмети.

Во исто време, според пријавата, две од лицата впериле пиштол кон него и неговиот син.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.