Дваесет и шестгодишен жител на Охрид бил физички нападнат од тројца мажи на регионалниот пат Охрид–Струга, во близина на Струга, при што напаѓачите користеле дрвени палки.
Според информациите од полицијата, нападот се случил на 4 октомври околу 2:45 часот. К.М. бил пресретнат и физички нападнат од тројцата мажи.
По нападот, 26-годишникот бил пренесен во Специјализираната болница „Св. Еразмо“, каде што му биле констатирани телесни повреди.
Полициските службеници работат на целосно расчистување на случајот и на утврдување на идентитетот на тројцата напаѓачи.
По документирањето на настанот и идентификувањето на лицата кои го извршиле нападот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.







