Управата за финансиска полиција, во координација со Обвинителството, спроведува нова акција поврзана со сомнежи за злоупотреби во Државна лотарија.
Според информации до кои дошол Press24 од свои извори, приведена е поранешната раководителка на финансии во Државна лотарија, а заедно со неа е приведено и уште едно лице.
Двете лица се сомничат дека биле вмешани во проневера на околу 80 милиони денари, а сомнежите се однесуваат на периодот кога со Државна лотарија раководел поранешниот директор Перпарим Бајрами.
Акцијата на надлежните институции е сè уште во тек, а дополнителни информации за случајот и евентуалните други преземени дејствија се очекуваат во текот на денот.







