ПРВ.мк
Македонија

Децата се нашето најголемо богатство: Градоначалникот Митко Јанчев ги угости дечињата од градинката „Рада Поцева“

Децата се нашето најголемо богатство: Градоначалникот Митко Јанчев ги угости дечињата од градинката „Рада Поцева“

По повод Детската недела, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, ги прими во посета дечињата од објектот „Сонце“ при ЈОУДГ „Рада Поцева“.

Со многу насмевки, детска искреност и позитивна енергија, најмладите гости му подарија рачно изработени картички на кои беа испишани нивните права и обврски. Преку оваа посета, децата испратија важна порака – дека секое дете заслужува љубов, грижа, образование, игра и безбедно и среќно детство, но и дека има обврска да ги почитува другите, да биде одговорно и да придонесува за својата заедница.

Да продолжиме сите заедно да им овозможуваме на децата детство исполнето со љубов, знаење, игра и искрени насмевки!