ПРВ.мк
Балкан

ИНЦИДЕНТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Маж се криел во сепаре, па нападнал пет полицајци при приведување!

ИНЦИДЕНТ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР: Маж се криел во сепаре, па нападнал пет полицајци при приведување!

Инцидент се случил синоќа по 22 часот во трговски центар во Белград, откако полицијата била повикана поради маж кој се заклучил во машко сепаре во продавница на приземјето и одбивал да излезе.

Претходно, обезбедувањето се обидело да го отстрани од објектот, но откако мажот одбил да го напушти просторот, била повикана полиција.

По пристигнувањето на полициските службеници, мажот пружил силен физички отпор и се однесувал агресивно, поради што во неговото совладување учествувале дури пет полицајци. Според сомнежите, додека се наоѓал во сепарето, тој можеби консумирал наркотични средства.

При интервенцијата, мажот му ги искинал панталоните на еден од полицајците, додека на друг му ја оштетил униформата.

На крајот, лицето било успешно совладано и приведено. Надлежните служби продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности и причините што довеле до инцидентот.