ПРВ.мк
Свет

УЗБУНА ВО ИТАЛИЈА: Пронајден сомнителен предмет под статуата на Давид!

УЗБУНА ВО ИТАЛИЈА: Пронајден сомнителен предмет под статуата на Давид!

Работници од градската хигиена во Фиренца рано утринава пронашле плинска боца со прикачени жици под статуата на Давид на плоштадот „Пјацале Микеланџело“, по што експерти за отстранување бомби веднаш излегле на терен.

Случајот го пријавила комунална работничка која прва ја забележала боцата, а тоа подрачје во моментов е целосно блокирано, пренесува агенцијата АНСА.

Статуата е реплика на оригиналното мермерно ремек-дело на Микеланџело кое е изложено во Галеријата на Академијата во Фиренца. Втора ваква копија се наоѓа и на плоштадот „Сињорија“, каде што првично била поставена оригиналната статуа.