ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ УДАР ВРЗ РУСИЈА: Украински дронови предизвикаа пожар во нафтено складиште - ова се деталите!

НОВ УДАР ВРЗ РУСИЈА: Украински дронови предизвикаа пожар во нафтено складиште - ова се деталите!
Kristal

Во саботата, украински дронови нападнаа нафтено складиште во јужниот руски регион Волгоград, предизвикувајќи голем пожар, потврдија локалните власти. Нападот се случи само еден ден по масовниот руски напад врз Украина со хиперсонични ракети и беспилотни летала, кој предизвика сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.

Гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, соопшти дека нема извештаи за повредени, но дека е можно евакуација на жителите кои живеат во близина на складиштето „Жутовскаја“. Генералштабот на Украина ја оцени операцијата како дел од стратегијата за намалување на руските резерви на гориво и за пресек на приходите од извоз на нафта.

Украинската премиерка, Јулија Свириденко, соопшти дека снабдувањето со топлинска енергија во Киев треба да се нормализира до крајот на денот, но предупреди дека електричната мрежа на левиот брег на реката Днепар останува во тешка состојба поради руските удари.

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, истакна дека последните напади врз енергетската инфраструктура оставиле милиони украински граѓани без основни услуги во време на зголемени хуманитарни потреби.

Овој напад, заедно со употребата на новата руска хиперсонична ракета „Орешник“, се толкува како предупредување до НАТО сојузниците, во време кога се интензивираат преговорите за можен мировен договор под покровителство на САД.

FixCredit
Escape